Свеченоста ќе се одржи во Хотел Гранит Охрид со почеток од 20,30 часот. Ќе настапат голем број на охридски уметници меѓу кои Ѓоко Танески, Ева, групата Камелеон и други. На свеченоста ќе бидат презентирани реализираните проекто на Ротари клубот Охрид о изминатата година, со посебен акцент на новиот оддел на детско одделение, кое се изгради со средства од охридските ротаријанци.
Сите средства собрани од донаторската вечер ќе бидат наменети за доопремување на детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид, информираат од Ротари клубот Охрид.