На иницијатива на Извршниот одбор на Институтот на сметководители, во понеделник, 10-ти април, во големата сала на Собранието на Општина Охрид, со почеток во 14 часот, ќе се одржи состанок на сметководителите и овластените сметководители од Охрид и Дебрца.

На состанокот ќе бидат разгледани предлог критериумите за утврдување на минимални трошоци за книговодствените услуги со акцент на примената на трошковникот, како и санкции од непримена на истиот, а ќе стане збор и за досегашните активности и идни планови на Институтот на сметководители.

OhridNews