Поради неисполнување на барањата на Сојузот за иднината за укинување на мерката притвор за претседателот на ОО на СДСМ Центар и претседавач на советот на општината, Мирослав Шиповиќ, охридските совететници од коалицијата предводена од СДСМ, најверојатно ќе ја бојкотираат за денеска закажаната седница на советот на општина Охрид.
– Дали ќе учествуваме на седницата зависи дали до нејзиното одржување ќе се исполнат барањата на СДСМ и Сојузот на иднината. Доколку ситуацијата до тогаш не се промени не ја исклучуваме можноста нашите советници да не присуствуваат на седницата, изјави за OhridNews неодамна координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
Од Сојузот за иднината бараат судот да ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ и да му дозволи да се брани од слобода. Како што велат од таму, единствениот грев на Претседателот на ОО на СДСМ Центар и претседавач на советот на општината е што не попуштил под заканите и притисоците на власта.
Во знак на солидарност со Шиповиќ, вчера советниците од Сојузот за иднината ја бојкотираа седницата на општина Дебарца.
OhridNews