Општинската оргнизација на СДСМ- Охрид, синоќа оддржа конференција, на која за кандидат за претседател на партијата на претстојниот конгрес огранокот едногласно го предложи Бранко Црвенковски.

Исто така, избрани биле и тројца кандидати за членови на Надзорниот одбор на СДСМ. Изборот на членовите за Централниот и Надзорниот одбор на ОО на СДСМ треба да биде потврден од страна на централата, а по завршување на целокупната постапка партијата ќе пристапи кон избор на нов претседател.
Кандидатите за претседател на партијата, од 17-22-ри мај ќе се претстават пред општинските организации, додека на 2-ри јуни на конгрес ќе биде избран новиот лидер на СДСМ.
OhridNews












