Министерот Миле Јанакиески неодамна изјави дека причина за пролонгирање на рокот за доделување на социјалните станови се големиот број жалби кои ги разгледува Второстепената владина комисија.
Владата во јули минатата година во Охрид додели десет станови на деца без родители или родителска грижа. Социјални станови им беа доделени и на седумнаесет корисници на социјална или постојана парична помош. На инвалидни лица или лица на кои им е потребна помош доделени им беа 12 станови. Еден стан е доделен на социјално загрозени лица припадници на ромската етничка заедница и 31 стан на самохрани родители со малолетни деца.