По повод месецот на ретки болести, претседателот на Советот на Општина Охрид Перчо Божиновски и советниците на Советот на Општина Охрид се вклучија во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2025“, која започна денеска и ќе трае до крајот на месец февруари.

Ретките болести не ги дефинираат луѓето што ги носат – тие ги откриваат нивната сила, храброст и непоколеблива волја да живеат и љубат, дури и кога светот не ги разбира! Заедно да ја претвориме тишината во сила и осаменоста во заедништво, вели Божиновски.
Инаку, Локалната самоуправа и оваа година активно ќе се вклучи во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2025“ со осветлување на општинската зграда, јавни објекти и локации во боите на ретките болести.
OhridNews











