
Во рамки на работната посета на Кина, советниците Блажески и Трифуноски, секојдневно ќе посетуваат различни јавни претпријатија и ќе се запознаваат со начинот на нивното функционирање, а предвидена е посета и на еден развиен индустриски центар.
Блажески и Трифуноски деновиве ги завршиле неопходните формалности околу добивање на потребните документи за патувањето, и имале интервју со економското аташе во амбасадара на НР Кина во Македонија, која ги покрива трошоците за посетата на охридските советници на една од најголемите светски економии.
OhridNews











