Охридските спасители на вода ќе покажат што научиле од странските инструктори
23.06.11 15:46
Во рамките на заедничките активности на Црвен крст Охрид, и Операција Флоријан, Манчестер- Англија, во делот на безбедност на вода, во тек е обука на спасителите на вода во општинскиот Црвен крст, од страна на инструктори од Операција Флорија, со напредни техники за спасување и извлекување на давеници со спасителен чамец и укажување на прва помош и реанимација.
Во рамки на обуката, утре, со почеток во 11 часот, на старото пристаниште ќе се реализира показна вежба на спасување и укажување прва помош на давеници.
Вежбата има за цел да ја покаже подготвеноста на Единицата за безбедност на вода на Црвен крст Охрид да одговори на предизвиците кои претстојат во текот на летната сезона, во делот безбедност на вода.
На вежбата ќе учествуваат соодветни тимови за спасување на Црвен крст Охрид и инструктори од Операција Флориан.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „7-ми Ноември”, „Марко Нестороски” и дел од Бул„Туристичка...
Теона Блажески и Иван Котевски од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид се закитија со трофеи на 14-от Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа во Клотен, Цирих, Швај...
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h) Во Охрид времето денес сончево со умерен и повремено заси...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.