Во рамките на заедничките активности на Црвен крст Охрид, и Операција Флоријан, Манчестер- Англија, во делот на безбедност на вода, во тек е обука на спасителите на вода во општинскиот Црвен крст, од страна на инструктори од Операција Флорија, со напредни техники за спасување и извлекување на давеници со спасителен чамец и укажување на прва помош и реанимација.

Во рамки на обуката, утре, со почеток во 11 часот, на старото пристаниште ќе се реализира показна вежба на спасување и укажување прва помош на давеници.

Вежбата има за цел да ја покаже подготвеноста на Единицата за безбедност на вода на Црвен крст Охрид да одговори на предизвиците кои претстојат во текот на летната сезона, во делот безбедност на вода.

На вежбата ќе учествуваат соодветни тимови за спасување на Црвен крст Охрид и инструктори од Операција Флориан.

OhridNews