Припадниците на Центарот за безбедност на вода при „Црвен Крст„ Охрид, денеска, изведоа планинарски марш на падините на Галичица до „Елен Врв“. Оваа активност е во склоп на програмата за одржување на максималната физичка подготвеност на членовите на единицата, со што тие докажуваат дека се подготвени за извршување на секакви професионални задачи и во зима.
Целта на овие активисти на Центарот за безбедност на вода е пред се одржување на подготвеноста на спасителите на вода за време на зимскиот период, доколку има потреба да се одговори или асистира при некоја несреќа. Како пример е неодамнешното ангажирање на двајца спасители на вода при извлекувањето на албанскиот граѓанин од завеаното струшко село Горна Белица.