Учениците Стефан Трајчески, Ангел Љаткоски и Александар Крајчески, од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, учествуваа на неодамна одржаната, втора по ред, МЕП симулација, дел од проектот Модел Европски парламент, каде извршија успешно претставување и се вратија со нови знаења за ЕУ парламентот и Европската унија.

Преку проектот МЕП, кој годинава беше за прв пат реализиран во Македонија  на национално ниво, учениците имаа можност да се стекнат со нови знаења, вештини и искуства, како и да го покажат она што го знаат во областа на работата на Европската унија, а воедно и познавањето на англискиот јазик . На првата МЕП симулација, одржана во месец септември, гимназијата „Св. Климент Охридски“ учествуваше со пет ученици: Ирина Ристеска, Никола Буџакоски, Виктор Јорданоски, Наум Ѓорѓески и Катерина Петреска, под менторство на професорката Даниела Спироска. Учениците успешно ја претставија својата гимназија преку задачите кои им беа поставени, меѓу кои: ораторство, донесување резолуции, дискусии на англиски јазик и работење по комитети и воопшто работење по начинот на ЕУ Парламентот.

–    За учениците, овој проект претставува прекрасно искуство, а можеби и поттик за некои од нив да продолжат да се занимаваат со политика, затоа што новата ера на Македонија во ЕУ останува токму на ваквите млади луѓе, велат од гимназијата.

Во текот на последните неколку месеци во рамки на проектот учествуваа осум ученици од охридската гимназија кои имаа можност да ја почувствуваат одговорноста- како е да се биде дел од Европскиот парламент.

OhridNews