Изминатиот викенд во националниот тренинг центар во Скопје во организација на МССФ се одржа вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа околу стотина учесници. За жал на овај Куп двата охридски стрелачки клуба не освоија ниту едно прво место.

На вицешампионската позиција во категорија јуниори на пиштол се пласира Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ со 539 круга, еден помалку од првопласираниот. На третата позиција се пласира Иван Милевски од СК „Охрид“ со резултат од 529 кругови. На 5-тата позиција се пласира новиот член на ЖСК „Лихнидос“-Антонио Златкоски со 516 круга, додека на 6-тата позиција Никола Тодороски од СК „Охрид“ со 511 кругови Кај сениорите на пиштол учество зеде само Даниел Михајловиќ, кој со резултат од 506 круга се пласира на 11-тата позиција.

Кај јуниорките на пиштол, исто така, само вицешампионска позиција за Стефани Савеска од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 534 кругови, 5 помалку од првопласираната. На третата позиција се пласира нејзината клупска другарка Наталија Савеска со резултат од 527 кругови, додека на 4-тата позиција од истиот клуб со резултат од 512 кругови се пласира Милица Кочовска. Теодора Мицкоска од СК „Охрид“ се најде на 7-мата позиција.

Кај јуниорките на пушка Теодора Спироска ја зазеде 5-тата позиција со резултат од 572,4 круга, додека Тамара Кичеец се пласира на 6-тата позиција со резултат од 570,3 круга. Младата Ана Баулоска се пласира на 12-тата позиција со резултат од 508,7 кругови.

Кај сениорките на пушка 4-та позиција и за Ива Маленко од СК „Охрид“ со 606.5 круга. Кај јуниорите на пушка, Јован Баулоски заврши на 8-та позиција со 584,6 круга, Марко Трпески на 13-тата позиција со 543,5, додека како 16-то пласиран беше Андреј Серафиноски со 430,8 круга. Поради дефект на оружјето, Кристијан Балоски не успеа да го заврши натпреварот.

За овај и наредниот викенд предвидено е учество на наши стрелци на традиционални турнири со огнено оружје- јубилеен 20-ти Grand Prix Скопје, како и на првиот Охрид Опен-2026, додека пак на почетокот на наредниот месец во Скопје во националниот спортски центар во салата Наум Наумоски Борче, во организација на МССФ и Европската стрелачка конфедерација, предвидено е да се одржи Европската младинска лига (до 18 години), на која е планирано учество на еден наш натпреварувач, номиниран од Федерацијата согласно досегашните постигнати резултати, вели Тина Гоџо, тренер-координатор.

OhridNews