Охридските стрелци блеснаа на Првиот куп во гаѓање со воздушно оружје-национална програма кој викендов се одржа во Велес.

Првото место во категоријата пионерки и припадна на Марија Ванѓелоска. Таа со испукани 177 кругови заврши на првата позиција со 12 цели кругови пред второпласираната Ирина Јованоска од Прилеп. Во екипен пласман Стрелачкиот клуб Охрид во состав (Марија Ванѓелоска, Марија Ангеловска и Ива Маленко) заврши на првата позиција со 60 бодови предност во однос на Прилеп.

Стрелците од Лихнидос освоија одличја, но не како пионерките од СК Охрид. Тие се закитија со бронзен медал во поединечна и екипна конкуренција. Бојан Спасеновски со испукани 169 кругови се закити со бронзено одличје, а клубот во состав Спасеновски, Кристијан Џепароски и Никола Спироски исто така обезбеди трето место на пиедесталот.

Охриѓани и покрај сите напори останаа надвор од календарот за 2018 година и нема да бидат домаќини на свој терен, иако стрелиштетот во Бејбунар е едно од најдобрите во Македонија кое ги исполнува сите услови за одржување на натпревари согласно Правилата на МССФ.

OhridNews