Околу 50- тина стрелци од 10 клубови во Македонија учествуваа на III – от по ред Куп со воздушно оружје национална програма за пионери и пионерки, одржан на стрелиштето Бејбунар во Охрид.


После двата одржани купа, охридските пионери од СК,,Охрид,, во состав Миленкоски Кирил, Попоски Васко и Гоџоски Мартин го превзедоа И-то место екипно со 500 кругови, оставајки го второпласираниот Нишан од Прилеп зад себе со 15 кругови помалку.

Во поединечен пласман кај пионерите Кирил Миленкоски се пласира на 3-то место со 175 кругови, Гоџоски на 5-тото со 165, Иво Достиноски на 6-тото место со 165, а Попоски Васко на 8-то со 160 кругови.


Со 480 круга пионериките на Охрид го освоија првото место, екипата настапи во состав :Попоска Ирена,Алексоска Ангела и Цветкоска Сашка.

Поединечно , Попоска Ирена го освои 1-то место со 170 кругови, Алексоска Ангела се пласира на 3 со 164 кругови, а Сашка Цветкоска за која ова беше деби настапт се пласира на 6-тото место со 146 кругови.  Седма заврши Мартина Николоска од женскиот стрелацки клуб Лихнидос со 138 кругови.

Бројот на учесници во охридските клубови само го потврдува големиот интерес кој младите охриѓани за Стрелештвото како спорт кое на жалост е оставено на маргините.

Ohridnews