Тетовскиот судија Јосип Бартон ќе ја има честа и одговорноста да ја дели правдата на “мајсторката“ меѓу Вардар и Хоризон Турново во последната рунда која ќе одлучува за титулата во елитата.

Помошници на Бартон ќе му бидат сограѓаните Иса Емурли и Небошја Ѓоргиевски додека тетовската четврката ја комплетира Фатон Мустафи.

Охридските судии кои сезонава доста беа застапени на терените ширум Македонија во последната рунда од Првата македонска лига се слободни.

Фудбалската сезона во Македонија ќе заврши со бараж натпреварите за влез во Првата, Втората и Третата лига.

Мх.П.