Охридските такси компании подготвуваат барање за зголемување на цените на такси превозот во Охрид, кое наскоро ќе го достават до локалната самоуправа. Цената која тие ја предлагаат е 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар.

Споредено со сегашните цени, тоа значи дека доколку се усвои нивното барање, би дошло до покачување од дваесет денари на стартот кој сега изнесува 30 денари и 25 за секој изминат километар.

Ваквото барање такси возачите го објаснуваат со покачувањето на цените на нафтата и плинот.

Веќе подолго време возиме со загуба, дури размислуваме и да ги паркираме возилата и да  не возиме. Свесни сме и за тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните, па затоа ја предлагаме оваа цена. Инаку, според нас реална цена би била 45 денари за изминат километар, велат сопствениците на такси компаниите. 

Од локалната самоуправа информираат дека неколку компании веќе поднеле барање за покачување на цените. Кога ќе има можност, барањето ќе биде ставено на дневен ред на една од седниците на советот на општината. Советниците се тие кои треба да го дадат конечниот збор за тоа- дали ќе поскапи такси превозот во Охрид.

OhridNews