На 18 и 19 мај, Таеквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид во скратен состав ќе учествува на турнирот „Љубљана Опен“, кој ќе се одржи во Словенија.

Учеството на „Љубљана Опен“ ќе биде најава за турнирот за Босна и Херцеговина,  а таму охридските теквондсти ќе имаат генерална проба за турнирот кој ќе се одржи во Охрид на 22 јуни.

Во името на клубот, Марјанчо Лазарески упати голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, кој е најзаслужен за успесите и професионалната во охридскиот клуб.

OhridNews