На турнирот „Србија опен 2019“ кој ќе се одржи на 23 и 24 февруари во Суботица, Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ ќе ја започне новата сезона.

За многу од екипите вклучувајќи ја и охридската турнирот во Србија ќе биде последна шанса за исполнување на критериумот за учество на Европското првенство во Италија.

  • Турнирот во Србија како за означување на почеток на сезоната ќе биде многу квалитетен. Дел и од нашите теквондисти ќе бркаат билет за учество на ЕП, што значи дека немаме право на лош ден и грешка. На овој турнир покрај шансата за исполнување на критериум ќе настапиме со поразличен состав од стандардниот. – изјави тренерот на екипата, Марјанчо Лазаревски.

Охридскиот клуб во Србија ќе отпатува со јуниори кои ќе бидат дебитанти на натпреварување од ваков вид. Тренерот очекува добра престава и уште подобри резултати.

OhridNews