Збогатената понуда и поволностите кои ги нудат охридските туристички агенции, го зголеми интересот на граѓаните за патување за првомајските, односно велигденските празници. Со оглед на тоа што двата празници се паѓаат во релативно краток временски период, дел од охриѓани веќе се одлучиле да ги спојат овие денови во еднонеделен одмор и да отпатуваат, додека други ќе останат со своите најблиски.

Како што велат од Туристичката Агенција „Вис Пој“, поволностите кои се нудат се доста примамливи за граѓаните.

Во поглед на аранажманите за првомајските и велигденските празници, поатрактивни и поприфтливи  за нашите граѓани се оние  патувања со поаѓање од Охрид за Истанбул и Грција. Цената е доста половна и за сечија џеб.“ – вели Јаким Маленко, од Туристичката Агенција „Вис пој“.

Дел од аранжманите вклучуваат автобуски превоз за поблиските дестинации, додека за оние подалечните и поатрактивните како Париз и Рим, аранжманите опфаќаат авионски превоз.  За оваа година, од туристичката агенција „Вис Пој“ велат дека доста интерес има за индивидуалните аранжмани со сопствен превоз.

Доста луѓе се одлучуваат да заминат на неколку дена во Грција. Превозот го обезбедуваат сами, а ние како агенција сме тука да им овозможиме хотелско сместување. Секако дека има други програми со поаѓање од Скопје како за Италија – Венеција и Верона. Аранажмните се од три до пет дена во зависност од превозот, но со оглед на тоа што оваа година Први мај е споен со Велигден, дел од граѓаните се одлучуваат да останат дома.“ – додава Маленко.

Од „Вис Пој“ велат дека посетеноста на Охрид за претстојните празници ќе биде задоволителна, а најбројни гости во градот под Самоиловата тврдина ќе бидат тие од регионот. За главната туристичка сезона, покрај гостите од соседните земји, нсе очекуваат и туристи од Европа и прекуокеанските држави.

Има доста најави за групи од Србија и Бугарија, но има и од европските земји. Со еден збор, може да се каже дека најавата е задоволителна. Што се однесува за туристичката сезона, во наштата агенција имаме доста резервации, а најави има и од гости од прекуокеанските државикои доаѓаат на кружни патувањата во Охрид.“  – велат од ТА „Вис Пој“.

Охридските туристички работници, се надеваат дека претстојната сезона ќе биде успешна, а оваа година како и минатата, најмногу туристи се очекуваат да пристигнат од Холандија.

О.Т.