По минатогодишната слаба сезона, охридските туристички работници се оптимисти дека претстојната ќе биде далеку поуспешна. Оптимизмот тие го темелат на најавите и веќе остварените резервации и реализирани аранжмани.

-Очекуваме оваа година да биде една од најуспешните по осамостојувањето на Македонија, такви се најавите, така што очекуваме ова лето да го достигнеме максимумот во овие дваесет години. Се враќаат златните времиња за Охрид, тука повторно доаѓаат Холанѓаните, а има гости и од Финска, Австрија, Германија…, така што оваа туристичка сезона ќе биде добра, вели Олег Маленко од Т.А. „Вис Пој“.


Според него Охрид е подготвен за претстојната сезона, а позитивeн ефект има и добрата реклама за која се погрижија државата и локалната самоупрaва со бројните спотови и настапи на странските туристички берзи.

-Охрид ги примаше овие гости и  кога беше понесреден, а сега е поподготвен од порано. Се разбира има и проблеми кои не можат да се решат преку ноќ, пред се тука мислам на патната инфраструктура, за што ние како туристички работници имаме апелирано до државните институции да тоа се заврши, мислам дека наидовме на позитивен прием и според најавите од идната година ќе почне да се решава и ова прашање, односно Охрид ќе се поврзе со светот како што прилега на едно туристичко место, додава Маленко.

OhridNews