Учениците од Охридската гимназија кои учествуваа на Меѓународната театарска работилница која од 5- ти до 13- ти октомври се одржа во Ванззе- Берлин, беа најуспешни.
Средношколците Никола Буџакоски, Никола Србиноски, Ѕвонимир Србиноски, Милан Србиноски, Билјана Таламаноска, Елена Јованоска, Ана Марија Михаилова, Елена Јованоска, Емилија Колоска, Ирина Ристевска, Марија Димоска и Исидора Јанева, беа водечки во сите 4 работилници, ги добија главните улоги во сите групи и предизвикаа воодушевување кај професорите.
Се одржаа четири работилници: класичен театар, експериментален театар, танц во театар и пеење во театар. Се работеше на сценарија направени според песната “ Обичен човек“ од полскиот поет Тувим и песната „ Спомен “ – од македонскиот поет Блаже Конески.
На театрската работилница во Берлин , покрај ученици од Македонија, учествуваа и претставниции од Полска и Германија.
OhridNews