На 26- ти септември, четврток, со почеток во 13 часот од градскиот плоштад, охридските ученици ќе упатат порака против насилството.
Настанот е во рамки на проектот „Безбедни училишта“, а во организација на ОБСЕ, Локалната самоуправа и Министерството за внатрешни работи. На него ќе земат учество ученици од училиштата кои се опфатени со проектот, од ОУ „Григор Прличев“, ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“.
OhridNews