Основните и средните училишта во општина Охрид, подготвени за почетокот на второто полугодие од училишната година. Ова беше констатирано на денешната средба која Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески ја оствари со активот на директори од училиштата во Охрид.
-Заедничен заклучок со директорите е дека сите предуслови за одржување тековно на наставата и почеток на второто полугодие се исполнети. Училиштата се снабдени со нафта за греење, други проблеми во комунална сфера немаат, така што редовно од 20-ти јануари ќе започне наставата во општина Охрид. Не очекуваме никакви проблеми при почетокот и на сите ученици им посакуваме успешен почеток на второто полугодие, рече Секретарот Спасески.
Тој истакна дека општина Охрид е една од ретките општини во Македонија која има формирано актив на директори и кој како алатка функционира одлично.
-Токму ваквиот начин на функционирање се покажа доста успешен бидејќи директорите во активот ги разменуваат своите мислења и искуства и најголемиот дел од проблемите ги решаваат низ таа меѓусебна комуникација. Доколку за некој од проблемите има потреба за вклучување на Локалната самоуправа тие не известуваат на ваквите средби, појани Спасески.
Исто така на средбата се разговараше и за одредени капитални инвестиции во училиштата, како и за текот на процесот за легализација за основните и средни училишта и нивно запишување во Катастарот на Република Македонија.
OhridNews













