Во рамки на проектот „Македонија без отпад 2013“, учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, заедно со ПУ во Трпејца, Елшани и Коњско, реализираа низа активности.

Во контекст на настанот се оддржа предавање за значењето на здравата и чиста околина и важноста за сепарациајта на отпадот,  при што учениците дебатираа на таа тема.

Исто така, се спроведе акција за чистење на блиската околина и селектирање на отпадот, додека еко- тимот имаше за задача да пренесе пораки до локалното население и да придонесе за подигнување на еко свеста кај секој поединец.

Во акцијата „Македонија без отпад 2013“, ќе се вклушат учениците и наставниот кадар од ОУ „Христо Узунов“. Тие подготвуваат несекојдневен еколошки хепенинг, кој ќе се одржи на градскиот плоштад од 12 часот.

OhridNews