Голем број улици целосно или делумно вечерва се во мрак, откако беа исклучени од страна на екипи на ЕВН и Локалната самоуправа, како дел од мерките за штедење на електричната енергија. Исклучени се и светлечките реклами на булеварот „Туристичка“, како и дел од осветлувањето во старата охридска чаршија.


– Исклучувањето, се врши по однапред изготвен план, информираат од локалната самоуправа.


Согласно одлуката која ја донесе владата, до 29- ти феврари во Македонија е прогласена кризна електроенергетска состојба, поради што се препорачува да се исклучат светлосните реклами во јавните и приватни претпријатија, осветлувањето на улиците, плоштадите, излозите, спомениците и другите објекти и осветлувањето да се користи во минимален обем.


Засега нема да има рестрикции за домаќинствата, но до граѓаните се апелира рационално да ја користат електричната енергија.

OhridNews