Богатата туристичка понуда на Охрид, квалитетните локални вина и дел од вкусните специјалитети на домашните прехранбени производители беа претставени на вториот Меѓунардоен саем за вино, кој изминатиов викенд се оддржа во општина Александровац.
Претставниците на двете општини разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебната промоција на туризмот и услугите, како и унапредување на деловната соработка помеѓу локалните стопанственици.
Како што информираат од локалната самоуправа, интерес за богатата туристичка понуда и квалитетните охридски вина пројавиле бројни туроператори, туристички агенции и новинарски екипи.
OhridNews