– Засега законот за занаетчиска дејност и законот за работни односи не дозволуваат занаетчиите да имаат право на ученик, односно калфа. Според законот, секое затекнато лице во дуќанот, мора да е вработено, а ученик не може да е вработено лице додека учи занает. Моето најголемо барање до надлежното министерство е да се извршат измените во законот и секој занаетчија да има право на лице кое ќе го подучува, со што ќе се придонесе и кон привлекување на младите лица да изучуваат занает, вели претседателот на Регионалната занаетчиска комора, Сашо Богоески.
Од страна на охридските занаетчии испратена е и иницијатива до Центарот за стручно образование за потпишување меморандум помеѓу занаетчиските комори и средните училишта, со што сите ученици практичниот дел од обуката ќе го изучуваат кај занаетчии.