Во хотелот Гранит денеска започнува работилницата за млади петрпиемачи на тема „Корпоративен идентитет“.
Учество ќе земат млади мајстори од организациските членки на Балканската канцеларија за малостопанство и занаетчиство, меѓу кои и Регионалната занаетчиска комора – Охрид.
Работилницата која ќе биде водена од страна на германскиот експерт Ивон Најсер, ќе цели кон посредувањето на искуства и сознанија за важните аспекти во водењето на претпријатијата, односно поттикнување развој на иновативен слој на модерни млади претприемачи.
Целиот настан е дел од проектот „Економска соработка помеѓу Рајнската област-Фалц и југоисточна Европа“.
Инаку, Балканската канцеларија за малостопанство и занаетчиство претставува интернационална организација на комори и здруженија на занаетчиското малостопанство во југоисточна Европа и Германија. Примарната цел е поддршката на занаетчиските микро-, мали- и средни претпријатија, односно покачување на нивото на понудените производи и услужни дејности, како и развој на европскиот пазар.
OhridNews