За разлика од претходните фестивалски изданија, годинава рекламниот материјал на Охридско лето е многу поинвентивен и повпечатлив. Целокупната фестивалска програма е спакувана во современ каталог, кој со својот едноставен дизајн и доминантната црна боја делува навистина модерно и современо.
Жолта амлитуда за нов правец на фестивалската традиција
Најавните текстови за сите 40 фестивалски денови се испишани на црна основа со бели и жолти букви, а покрај нив се објавени и соодветни фотографии во боја. Како основен симбол на годинешниот рекламен материјал , чии што автор е Саша Саздов е жолтата амплитуда, која според него има за цел да покаже нов правец на движење на Охридско лето во наредниот период.
Со интересна содржина, која е соодветна на самата фестивалска манифестација изобилува и рекламниот спот на фестивалот, кој годинава го изработи младиот и талентиран дизајнер Кирил Јорданоски од „Labino Production“ од Охрид. Главниот слоган кој оди заедно со видео рекламата е ,,Бидете дел од ѕвезденото небо на Охридско лето’’.
Дизајнот на каталозите од 2010, 2011 и 2012 година
Освен каталогот и рекламниот спот изработени се флаери, дневни и џебни програми, а изработена е и нова веб-страница на фестивалот.