Дваесет и шестата фестивалска вечер на 62-то „Охридско лето“ ќе донесе концерт за дуо гитари со црногорските уметници Горан Кривокапиќ и Данијел Церовиќ. Гитарското дуо ќе настапи во црквата „Света Софија“ од 21 часот.
Маестралните гитаристи Горан Кривокапиќ и Данијел Церовиќ заедно настапуваат на престижни фестивали и во познати концертни сали низ целиот свет меѓу кои Филхармонијата во Санкт Петербург, салата „Мануел де Фаља“ во Мадрид и „Концертгебау“ во Амстердам.
Дуото има широк репертоар кој се состои од транскрипции на „стара“ музика и оригинални композиции од XIX, XX и XXI, со особен акцент на современа музика за две гитари.
Нивната образовна мисија ги води во Универзитетите во Монтреал и Торонто, Унверзитетите „Чапман“ и „Метрополитен“ во САД, конзерваториумот во Мастрихт, како и во повеќе образовни институции во Кина.

OhridNews












