Оваа година по петти пат ансамблот за народни песни и ора “ Македонка” од Охрид е организатор на  Меѓународниот фолклорен фестивал „Охридско сонце“ на кој учествуваат групи и ансамбли од Литванија, Украина, Турција, Хрватска, БиХ, Република Српска, Србија, Албанија и од Македонија.

Тие ќе и се претстават на охридската публика со традиционални фолклорни кореографии во три фестивалски вечери на 23,24 и 27 август.

Фестивалот свечено ќе биде отворен вечерва со дефиле на ансамблите низ охридската чаршија во 19 часот, а еден час подоцна на градскиот плоштад почнуваат настапите на фолклористите.

OhridNews