Централната и локалната власт ги игнорираат бројните инциденти кои се случија во водите на Охридското Езеро изминатите неколку години и не преземаат конкретни мерки за подобрување на безбедноста во водниот сообраќај. Поради несоодветните локации кои општината ги понудила и некомплетна документација, Министерствиото за транспорт деновиве го одбило барањето на Црвениот крст за формирање Оперативен центар за безбедност на вода.
– Иако градот располага со над 170 обучени спасувачи и специјални тимови, нив нема кој да ги координира. Тоа за жал се забележа и при потонувањето на бродот „Илинден“ кога акцијата на спасителите беше некоординирана, вели Сашо Точков од Црвениот крст.

Црвениот крст најави дека кон крајот на месец јули во функција ќе биде ставен специјален брод – Амбуланта, кој ќе интервенира секаде каде тоа ќе биде неопходно. Од Црвениот крат сметаат дека потребата од еден ваков пловен објект на Охридското Езеро е голема поради сообраќајниот хаос што во туристичкиот шпиц владее на ривиерата, што пак го отежнува движењето на амбулантните возила на брзата помош.











