Охрид и Охридското Eзеро се најдоа меѓу десетте најубави места на Балканот кои порталот Earth Traveling ги препорачува да се посетат во текот на претстојната  летна сезона. 

Охрид се опишува како македонска топ туристичка дестинација, а во текстот се наведува дека Охридското езеро е седмо најдлабоко езеро во Европа, со бројни подземни и надземни извори поради што стручните лица го сметаат за уникатно.

Освен Охрид, на листата на  Earth Traveling како места кои се препорачуваат да се посетат се и Бледското езеро, Плитвичките езера, Мостар, Св. Стефан на Јадранското море, грчките Метеори.

OhridNews