Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е 2 сантиметри над минималната кота од 693,17 метри надморска височина. Тоа е девет сантимeтри под просекот за октомври кој изнесува плус 11 сантиметри од минималната кота.

АД ЕЛЕМ неодамна на својата веб страница постави мерач на нивото на езерото. Компанијата најави дека нема да дозволи испуштање на поголеми количини вода во реката Дрим за производство на електрична енергија со цел да не се загрози Охридското Езеро поради неповолните хидролошки услови.

OhridNews