Нивото на Охридското Езерто, според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, се спушти на еден сантиметар до нултата кота од 693,17 метри надмирска височина. Во моментов тоа е осум сантиметри над минималната дозволена кота која се наоѓа на 693.10 мнв. Гледано споредбено, Езерото е осум сантиметри под просечното ниво за овој период од годината.
Според утринските мерења на УХМР, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 14 степени Целзиусови.
OhridNews












