Недоволната количина врнежи изминатата есен и оваа зима, се одрази на хидролошката состојба на најголемото природно езеро во земјата. Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е на 693, 25 метри надморска висина, што е за 15 сантиметри пониско од просекот за месец јануари (693,38 м.н.в.).

Законски дозволениот минимум на Охридското Езеро е 693,17 м.н.в., додека природниот минимум е 693,10 м.н.в.

Г.М.