Tретата фаза од акцијата за чистење на Охридското Eзеро од неексплодирани убојни средства, започнува денеска.

Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, детектирање и чистење на убојните средства ќе се врши на потегот од градското пристаниште до објектот во кој е сместена Езерската полиција, како и во Пештани.

Активностите е предвиднео да траат еден месец. Доколку акциjaта во охридскиот регион заврши пред предвиденото време, со чистењето на дното на езерото ќе се продолжи во струшкиот регион.

Акцијата се спроведува од страна на екипите за подводно деминирање на
Дирекцијата за заштита и спасување, а со финансиска поддршка на
американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“
од Словенија.

Во претходните две фази од дното на Охридското Езеро вкупно беа извадени 15,9 тони неексплодирани убојни средства.

OhridNews