Иако истекува првата седмица од септември, времето е пријатно за плажа и рекреација.
Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 20 степени Целзиусови. Ако се има предвид и температурата на воздухот која викендов е околу 28 степени, повеќе од одлични услови за уживање на брегот на нашето најголемо и најубаво природно езеро.
Нивото на езерото, пак, според последните мерења е на кота 693,21 метри надморска височина, што е за 13 сантиметри под просекот за овој период од годината (693,34 м.н.в.).
Г.М.