Охридското Езеро е во добра хидролошка состојба. Утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека нивото на езерото е на 693,56 метри надморска височина, што е блиску до просекот за овој период од годината (693,59 м.н.в.).

За разлика oд Охридското, состојбата на Преспанското Езето и натаму е загрижувачка. Иако има мали подобрувања, тоа е речиси еден метар под просекот за овој период од годината (843,13 м.н.в.) и се наоѓа на 843.19 м.н.в..

OhridNews