10 годишното девојче од Охрид, Сенада Махмудоска, од шест годишна возраст боледува од ретка болест на очите, која може да предизвика губење на видот, пренесува Сител.

На Махмудоска пред четири години, дијагностицирана и е дистрофија на макула лутеа, а нејзината состоба од година во година се влошува.

Како што пренесува „Сител“, докторите им соопштииле дека не постои лек за оваа болест, а мајката на девојчето апелира до надлежните институции да излезат во пресрет и да ја насочат каде да го бараат спасот.

Инаку, Сенада го посетува едно од локалните училишта, каде секојдневно добива поддршка од наставничката и соучениците. Сепак, секој изминат ден таа се соочува со опасност за трајно губење на видот.

OhridNews