По повод 53 годишнината од формирањето на Национален парк Галичица, националната установа денеска организира повеќе едукативни активности со ученици од основните училишта од подрачјето на општина Охрид.

Активностите се од едукативен карактер  и вклучуваат откривање на територијата на трите предатори рис, волк, мечка на планината Галичица и  нивната поврзаност со неа. Активностите ќе продолжат во новата училница во природа која се наоѓа веднаш до дирекцијата на шаркот,  односно до Информативниот центар, за на крај да се заврши со оценување на стекнатото знаење преку едукативен квиз, информираат од Националниот парк.
     
Неодамна во Инфо центарот во Охрид се одржа обуката за наставен кадар од членови на тимот „Заповедникс“, Русија,  а како надополнување следува уште една обука што ќе ја спроведе тим на стручни лица од Холандија кој ќе ги обучува лицата ангажирани за работа во Инфо-центрите во Охрид и Стење.

OhridNews