Како што информираат од министерството за внатрешни работи, вчера, во 20,30 часот во Полициската станица- Охрид од страна на 29- годишен охриѓанец било пријавено дека истиот ден во 17,30 часот, додека бил во ресторанот „Острово“ во комплексот „Свети Наум“, непознато лице без повод и причина физички го нападнало и со остар предмет му нанело повреда во пределот на лицето, по што паднал на подот. Притоа  дошле уште четири до пет непознати лица, кои  физички го нападнале,но биле спречени од страна на присутните во објектот.

На лицето му е укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид, а од преземените мерки по основ на сомнение дека се можни  сторители приведени  се  пет лица од Охрид.

Во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews