Охриѓанецот Јордан Ќосевски кој е Доктор по економски науки е добитник на Годишната награда на Народна банка на Република Македонија за 2016 година.
Станува збор за Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата, за која НБРМ имаше распишано Јавен конкурс. Наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла преку изработка на трудови од областа на макроекономијата, како и за афирмација на млади и стручни кадри.
-Темата на мојот труд гласи „Банкарски специфични и макроекономски детерминанти на нефукционалните кредити во Република Македонија: Компаративна анализа на кредитите на претпријатијата и домаќинствата“. Целта на овој труд е да се испита влијанието на банкарските специфични и макроекономски детерминанти на нефункционалните кредити во Република Македонија. Притоа пооделно се анализираат нефукционалните кредити кај претпријатијата и кај домаќинствата, појаснува Ќосевски.
Според најавите, наградата на младиот охридски истражувач ќе му биде вречена на 7-ми април 2016 година, за време на Петтата експертска конференција насловена како: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус: преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“, што ќе се одржи хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.
OhridNews