47-годишен охриѓанец „заработи“ кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“. Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти ноември и на 12-ти декември минатата година во семејниот дом во охридското село Горно Лакочереј, во вечерните саати.

– Поради одредени семејни недоразбирања, пријавениот започнувал жестока вербална расправија со својата вонбрачна сопруга, а потоа и физички ја нападнал. Тој, по главата и по целото тело, ја удирал со раце и нозе нанесувајќи и крвни подливи и други повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Врз оштетената, по основ на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, извршен бил медицински преглед на хируршкото оделение при Општата болница во Охрид, каде биле констатирани повредите и и била пружена неопходна медицинска помош.

По консултација и овластување на Јавниот обвинител, сега пријавениот бил лишен од слобода.

OhridNews