Македонците кои живеат во Јапонија вчера во Токио остварија средба со дипломатскиот претставник и поранешен претставник на нашата земја во Германија, а сега амбасадор во Виена, Н.Е. Ѓорѓи Филипов. Иако беше најавен, од оправдани причини на средбата не дојде министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој поради службени обврски отпатува во Њујорк, информираат претставниците на македонската заедница.
На средбата присуствуваше охриѓанецот Адријан Битрак, кој извесен период живее во јапонската престолнина. Се разговарало за состојбата во Јапонија по катастрофалниот земјотрес, која полека се нормализира. Радијацијата во регионот на Фукушима се намалува, но се преземаат драстични мерки за заштита на здравјето на луѓето, се уништува добитокот на фармите во радиус од 20 километри во радиоактивната зона.


На средбата било истакнато дека  во блиска иднина се планира да се отвори амбасада на Р. Македонија во Јапонија, што е од исклучителна важност за дипломатските односи помеѓу две земји.

OhridNews