Охриѓанецот Ефто Стојаноски, дресер на кучиња, утре, 16-ти декември, ќе ја презентира на предлог програмата за „Заштита на луѓето од кучешки напади“ која ја изготви тој, а ќе ја предложи до Владата на Р Македонија.
Со оваа програма, вели Стојаноски, многу подобро ќе се заштитат и малите деца и бебиња а истовремено ќе се заштитат и домашните животни и другите кучиња.
„Колку подобра заштита на луѓето од кучешки напади толку подобра заштита и на самите кучиња од масовни труења и убивања“, истакна Стојаноски.
Презентацијата, која ќе се одржи во 12 часот во големата сала на општината, е од отворен тип и на неа може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои ќе имаат можнот да поставуваат и прашања.
OhridNews












