СВР Скопје до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Г.Б. (22) од Охрид, поради постоење основано сомнение дека на 10.03.2010 година, околу 18,25 часот на булеварот “Партизански одреди“, во фирмата за трансфер на пари “Вестерн Унион“, сопственост на С.И., маскиран и вооружен со пиштол, одзел севкупно околу 541.178 денари (во девизи и денари).

Според документираните сознанија од истрагата Г.Б. на посочениот датум, со намера да се стекне со противправна имотна корист, влегол во фирмата со маска-фантомка на главата и со пиштол, марка “Црвена Застава“, калибар 7,65 мм, сопственост на неговиот татко, кој го поседувал со дозвола, а во рацете имал две кеси. Тој му се заканил на оштетениот С.И. вперувајќи го пиштолот кон него веднаш да му ги даде парите, по што оштетениот во едната кеса ставил 5.542 евра, 3.500 УСА долари и 56.116 денари, а додека 110 евра и 1.000 денари  ги ставил на пултот со намера пријавениот да ги земе и да ги стави во другата кеса. Меѓутоа, пред пријавениот да ги стави парите од пултот во кесата СИ. го притиснал алармот при што Г.Б. се дал во бекство.

Во моментот кога го напуштил објектот по Г.Б. истрчал оштетениот како и три други лица кои му притекнале во помош. Но во моментот кога стигнале до булеварот “Партизански одреди“ пријавениот застанал и го вперил пиштолот кон сите обраќајки им се со зборовите – “Тргнете се или ќе ве пукам“. Тие уплашени за нивната безбедност застанале, а Г.Б. побегнал во правец на ТЦ Антико.

Инаку пријавениот е регистириран во крим-евиденцијата на СВР Охрид како сторител на кривично дело изнуда во 2005 година.

OhridNews
извор: МВР