Средношколецот Зекир Ајруш од Охрид освои бронзен медал на Интернационалната средношколска олимпијада ,,GENIUS 2014”, која се оддржуваше во Њујорк, САД од 15 до 19 јуни 2014 година. На ова престижно натпреварување учествуваа ученици од целиот свет со над 800 пријавени проекти.

Шеснаесетгодишниот Зекир, бронзениот медал го освои претставувајќи го својот проект – фотографија на која го прикажува сметот кој го крие Охридското Езеро, како и обидите на луѓето истиот да го сокријат, наместо да изнајдат начин и да го исчистат. На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат.

Главната идеја на младиот Зекир е да ја прикаже состојбата со отпадот во водите и да пренесе порака за почиста околина, која треба да допре до свеста на идните генерации.

OhridNews