Како што информираат од полицијата охриѓанецот најнапред бил нападнат со клоци и тупаници од две лица, на кои што им се спротивставил, при што на еден од напаѓачите му задал и телесна повреда со дрвена рачка од стол. Потоа во тепачката се приклучиле уште двајца жители на Охрид при што и тие продолжиле да го удираат нападнатиот со тупаници и клоци, а едно од лицата со остар предмет му нанело тешка телесна повреда во пределот на градниот кош. Причина на нападот според полицискиот извештај бил паричен долг на нападнатиот кон еден од напаѓачите.
На нападнатиот охриѓанец лекарска помош му е укажана во Медицинскиот центар во Охрид, од каде е пренесен на лекување во Медицинскиот центар во Струга.
Од страна на СВР Охрид се преземаат мерки за расчистување на инцидентот, по што против инволвираните ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор:МВР