Поради постоење на основи на сомнение дека сторил вкупно пет кривични дела „Тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишен охриѓанец, а истражен Судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.    

Пријавениот, во текот на минатиот месец, со употреба на подесен алат и со физичка сила, ги извршил казнените дела на подрачјето на Охрид, против-правно одземајќи пари, златен накит, накит „Сваровски“, мобилни телефони и повеќе други вредни предмети.
    
Притворениот преку добро разработен систем со употреба на алат, се специјализирал за разбивање на сигурносни брави од вратите и со употреба на физичка сила, насилно влегувал во повеќе куќи и станови, одземајќи пари, златен накит, вредни часовници,  мобилни телефони, накит од бело злато и охридски бисер.
  
Со извршените тешки кражби, пријавениот се стекнал со против-правна имотна корист од близу 300.000 денари.
    
По серијата кражби, што С.А. ги изврши изминатиов месец, СВР Охрид, реализира низа оперативни активности, кои, резултираа со негово пронаоѓање и приведување. Сега притворениот, мошне вешто се качувал преку балконите, ги користел олуците и другите металнит конструкции по што влегувал во домовите, вршел брзо пребарување по собите одземајќи ги парите и другите вредни предмети, информираат од од СВР Охрид.

Инаку, пријавениот бил познат извршител на вакви и слични казнени дела за што и бил осудуван со затворска казна.

OhridNews